ВИДЕО – Вечерва се доделија наградите „3-ти Ноември“ во Прилеп

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


На свечена седница на Советот на Општина Прилеп, вечерва, беа доделени третоноемвриските награди. Наградите се доделуваат секоја година по повод Денот на ослободувањето на Прилеп, а годинава се навршуваат 77 години од конечното ослободување на Прилеп од фашистичкиот окупатор.Седницата ја отвори претседателот на Советот, Дејан Проданоски, кој го додели наградите заедно со градоначалникот Борче Јовчески.

Наградата за животно дело – Златна плакета, по повод „3-ти Ноември” – Денот на ослободувањето на Прилеп, се доделi на тројца значајни прилепчани: Илија Адамоски, истакнат општествен работник , а двајца наградата ја добија постхумнo, тоа се доајенот на македонската современа скулптура, Драган Попоски-Дада, кој почина пред околу 2 месеци и бардот на прилепското и македонско новинарство, Тачко Локвенец, кој почина исто оваа година. Наградите за нив ги примија членови на нивните семејства.

И сега во третото доба како претседател на Собранието на сојузот на пензионери на Македонија ќе се обидам безрезервно, несебично и максимално да го дадам својот придонес во изградбата на нашата држава Македонија“, рече Илија Адамоски, истакнат општествен работник.

 

„Симболично во овие награди се доделуваат во чест на нашите херои од минатото. А Тачко пак веруваше дека секој човек е херој на својот живот и преку своето творештво го славеше прилепчанецот. Херој од нашето секојдневие. Хероите велеше се секаде околу нас. Само треба да ги препознаеме и што е најважно да ги признаеме“, истакна Хари Локвенец, син на Тачко Локвенец.

 

„Со мојот дедо Дада си правевме често мубет, вели внучко за вакви награди кога ќе се даваат дали знаеш какво е чувството….? Ајде да не зборувам повеќе…“, додаде Коле Биџоски, внук на Драган Попоски-Дада.

Градоначалникот Јовчески потсети за значењето на овој ден и тоа дека никоаш не треба да го заборавиме делото на борците од НОБ, кои ја донесле денешната слобода.

„ Денешниов ден  е потсетување и славата за нивното дело. Денеска го славиме она што тие го замислиле и оствариле. Славиме слобода, славиме правда и  демократија. Празнувајќи го овој ден, најмалку што можеме е да им се заблагодариме на нашите херои за прогресот и напредокот во современото живеење. Без нив, ова ќе беше невозможно. Овој ден треба да биде потсетување,  младите и идните генерации да не заборават каде се родиле, растеле и каде живеат., и да придонесат за неговата подобра иднина“, изјави Борче Јовчески, градоначалник на Прилеп.

Награди – плакети за празникот добија и пингпонгарскиот клуб Младост 96, Локална Акциона Група АГРО ЛИДЕР, за подобрување на квалитетот на животот во заедницата, Здружение за правна едуација и транспарентност – СТАНИЦА П.Е.Т Прилеп, за придонес во едукацијата на граѓаните во насока на остварување на нивните права, како и фирма МИНАС Прилеп, за негување на занаетчиството.

Награди – дипломи добија Георги Стале Поповски, за достигнувања во областа на книжевноста Блага Тутеска, за достигнувања во областа на образованието и литературата, Круме Пирганоски, за достигнувања во областа на образованието и информатичката технологија, Божана Тренческа, за достигнувања во областа на литературата, Димче Велкоски, за достигнувања во областа на воздухопловното, спортско и ракетно модуларство, Пулексенија Јованоска, за промоцијата на карате спортот во светски рамки и Јовица Нешкоски-Фризерот (постхумно), за негување на фризерскиот занает.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи