Мицкоски бара брзи предвремени парламентарни избори

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски смета дека ново парламентарно мнозинство не е решение и побара брзи предвремени избори. Тој бара итна оставка на премиерот Зоран Заев и на Владата по победата на неговата партија на локалните избори.

„Веднаш оставка, брзи избори и да се спасат граѓаните од понатамошното тонење, криминал и корупција. Тоа е она што и го нудиме на оваа влада“, порачува Мицкоски. 

Лидерот на опозицијата смета дека опцијата за формирање на ново парламентарно мнозинство во моментов нема да даде нова енергија, ќе предизвика нови раздори, пазарења, коишто ќе го разводнат капацитетот на институции, коишто во наредниот период ќе треба да се соочат со енергетска криза, експанзија на пандемијата, криза во индустријата и образованието. Истовремено, тој предупреди дека земјата ја очекуваат кризни времиња, загрижувачка состојба во енергетиката, ценовен шок, поскапување на струјата, зголемена инфлација и можни рестриции на струјата. Обвини дека институции не можат да се справат ниту со ковид-падемијата, која повторно тропа на врата, а забелешки има и за ЕУ интеграциите – смета дека тие се во целосен застој. И да добие Македонија датум за преговори, според Мицкоски, потребни се коренити измени.

На прашањето што ќе преземе ВМРО-ДПМНЕ доколку актуелната власт не се согласи на избори, Мицкоски рече дека во тој случај на товар на СДСМ ќе падне дополнително не само економската и енергетска криза кои драстично ќе се продлабочат, туку и влошувањето на ковид-кризата.

„Ние подаваме рака, спремни сме да преземе одговорност и треба да се направат консултации со Државната изборна комисија за да се добие одговор на прашањето за колку време може да се организираат изборите“, рече Мицкоски.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи