Мицкоски: Преспанскиот договор не ни се допаѓа, но е реалност

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, смета дека новото уставно име Република Северна Македонија е реалност и дека врз основа на таа реалност моментално функционира и државата.

„Тоа што се случува во советите е бидејќи законот за локална самоуправа не е усогласен со уставот. Затоа изјавите се такви какви што се. Дали од тоа некој сака да направи дефокус од падот на Владата, е друга тема.

Суштината е дека треба да имаме брзи парламентарни избори со оставка на Владата и да ги решаваме. Ако ме прашувате дали е реалност, па ние функционираме. Таа нова реалност ја донесе Зоран Заев, ние сме се произнеле за таа нова реалност. И новите градоначалници се произнесоа. Дали реалноста ни се допаѓа, не ни се допаѓа. Ако не се почитува таа реалност, има други последици, како Обвинителство и судство. Ќе работиме таа реалност да се промени. Таа реалност е болна и понижувачка за сите нас кои ја чувствуваме Македонија“, кажа Мицкоски.

Прашан како би ја променил реалноста, односно би го вратил старото уставно име, Мицкоски вели:

„Ова e понижување, кога ќе седнеме на маса со нашите пријатели, ќе кажеме дека оваа реалност за граѓаните е понижувачка. И тоа е тоа“.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи