Младински развој

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Според сумираните резултати од Индексот за младински развој во Македонија[1], просекот на општините кои го стимулираат младинскиот развој во полињата на Образование, Здравје и благосостојба, Вработување и можности, Политичко учество, Граѓанско учество, изнесува 0,491 на скала од 0 до 1. Ова значи дека исполнетоста на индикаторите во петте категории за сите општини е нешто помалку од половина. Според истото, наодите од анкетата покажуваат дека најголемиот дел од младите, поточно 69,1 % одговориле дека немаат стапено во интеракција со претставници навласта, ниту на локално ниту на државно ниво, додека само 20,2 % на некој начин стапилево комуникација со претставници на власта, што ја потврдува состојбата од слабата младинска активност и нивно не учество во општествениот и политичкиот живот, особено во донесувањето на одлуки кои се важни за нив. Сумирајќи ја ваквата состојба доаѓаме до наодот дека скоро 90% од младите во Македонија немаат стапено во интеракција со претставници навласта, што ги потврдува перцепциите дека младите не се вклучени ниту во политичкото, ниту во општественото живеење.  Вклучувањето на младите во креирање политики е само првиот чекор кон решавање нанивните проблеми.

Од погоре кажаниот контекст, како и потребата за системско уредување намладинско учество се наметнува и потребата од уредување на два важни аспекти на развојот на младите. Од една страна законско регулирање на младинското здружување и учество на младите во донесувањето на одлуки кои што се однесуваат на нив, а од друга обезбедување на системско зајакнување и осигурување на можностите за развојот на младите во општеството преку воспоставување на систем за поддршка на младите од нашата држава. Со ваков пристап би ја доближиле нашата држава до земјите од регионот, а такво решение ќе овозможи подлога за креирање на методологии за истражувања на теми поврзани со млади лица кои ќе бидат апликабилни за повеќе земји. Преку законско решение, се поставува основна подлога за младинско учество и организирање, а на младите им овозможува демократски начини за искажување на своето мислење и учество во креирањето на политиките кои се наменети за нив.

Следејќи ги бројните истражувања кои го покажуваат нискиот процент на учество на младите на локално ниво се наметнува и потребата од законско гарантирање на младинското учество и младинското организирање на локално ниво, а со што и ќе се уредат дефинициите кои отсуствуваат во правниот систем и ќе се обезбеди навремено креирање и имплементирање на стратешките цели и документи кои државата и единиците на локалната самоуправа ги имаат и мора да ги имаат за младите луѓе.

Согледувајќи ги ваквите состојби Коалиција СЕГА, а со цел да придонесе кон младинскиот развој, веќе една декада ја застапуваше каузата за законско уредување на организирањето и учеството на младите, што резултираше со донесување на законот за младинско учество и младински политики во јануари 2020 година.

[1]Извештај за Индексот за младински развој во Македонија за 2018 година, Коалиција на младински организации СЕГА (стр. 10)

Автор: Зоран Илиески, Коалиција СЕГА.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи