Отворена изложбата на дела од ликовната колонија Дрен 2021

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Денеска во Ликовната галерија од ЦК „Марко Цепенков“ беше отворена изложбата на дела од ликовната колонија Дрен 2021. Изложени се над 20 дела создадени од сликарите Мирослав Живковиќ  и Снежана Малетин од Србија, нашите уметници Мирјана Крстева Масети,  Александра Петкова – Џианели, Буба М. Солак, Драган Најденовски, Новица Трајковски, Тони Чатлески, Стефан Малбашиќ и скулпторiите Слободан Милошески и Марјан Стојаноски.

Колонијата Дрен 2021 се одржа во јули со поддршка на Министерството за култура. Досега на колонијата ДРЕН, во изминатите 13 години, се создадени околу 350 дела кои се во трајно наследство на Центарот и на државата.


Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи