Полицајците бараат покачување на платите

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Синдикатот на полицијата во Македонија (СПМ) преку соопштение прашува зошто во новиот предлог-буџет не е предвидено покачување на платите за полицијата.

„Она што не загрижува како Синдикат е тоа што веруваме дека вработените во МВР заслужуваат многу повеќе од предвидените ништо денари кои ги предлага Владата со ребалансот на буџетот. Барем да предвидовте исто колку и здравствените работници, како награда за секојдневниот ризик кој го преземаат работниците во Министерството за внатрешни работи“, се наведува меѓу другото во пишаната реакција од СПМ.

Со предлог буџетот што го објави владата се најавува зголемување на платите на судиите, обвинителите, здравствените работници, инспекторите, наставниците, вработените во културата.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи