Украден златен часовник на Тито кој исчезнал пред повеќе од 10 години пронајден на аукција во Хонг Конг

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Министерката за култура и информации на Србија, Маја Гојковиќ денеска откри дека се пронајдени украдени уметнички дела, како што се кама и златен часовник Патек Филип, кои му припаѓале на поранешниот претседател на Југославија – Јосип Броз Тито. Гојковиќ истакнува дека часовникот исчезнал пред повеќе од 10 години во Музејот на Југославија, додека актуелна била изложбата на часовници кои претседателот Тито ги добил на подарок или ги купил и ги составил во колекција.

Во изјава за ТВ Прва, Гојковиќ истакнуваа дека крадењето артефакти е многу профитабилен бизнис на црниот пазар денес, а вредноста на украдените ремек-дела од Србија е околу половина милион евра.

По повеќе од една деценија, часовникот се појавил на редовна аукција во Хонг Конг. Аукцијата веднаш била прекината, благодарение на директорот на Музејот на Југославија – Неди Кнежевиќ, кој алармирал за целиот случај.

Тој додава дека во полицијата има специјално одделение кое се занимава со овие криминални активности – кражби на уметнички дела и дека имаат експерти од таа област кои знаат да разликуваат фалсификати од оригинали.

„Висината на затворската казна се определува за сторителите според висината на вредноста на украдениот предмет. Благодарен сум за посветената работа на полицијата во расветлувањето на овие случаи, како и на претставниците на културните институции кои со децении не се откажуваат од откривање на украдени дела“, вели министерот.

Гојковиќ потсети дека министерството за култура испратило допис до сите културни институции на Република Србија детално да наведат што недостасува од украдените предмети.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи