Специјална награда – сертификат за уметничка вредност, за прилепскиот уметник Златко Крстевски во Кореја

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


На 2-та меѓународна изложба на современа ликовна уметниост „Преку границите“ во Чанг Кил Хван музејот во Кореја, која е отворена на 30 октомври оваа година, македонскиот уметник Златко Крстевски учествува со слика масло на платно димензии 100 x 80 см, а делото е со наслов : Ангелот од „Св. Никола“, дел од циклусот „Tera Magika“, изложено на самостојна изложба во домот за култура Марко Цепенков и на ДЛУБ во галеријата „Магаза“ во Битола.

Крстевски е  селектиран и добитник е на специјална награда  – сертификат за уметничка вредност од музејот M-Fantapia, потпишан од CEO FATNTAPIA M, менаџерот Чанг Кил Хван и директорот и куратор на музејот Мијунг Таесук. Делото е публикувано во каталог боја на 94 страници пропратен со биографски референци.

На изложбата со слика е застапен и Бурим Ајдини, со графички дела, како и уметниците : Ана Ивановска , Валентина Илијевска, Владо Чоревски и Маја Кировска од Македонија, покрај уметници од Полска, Русија, Еквадор, Турција и други.

Делото масло на платно од Крстевски е донирано и ќе биде дел од трајната поставка од колекцијата на музејот.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи