Чадеж: Од наредната година Србија, Македонија и Албанија со единствена работна дозвола

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Граѓаните на Србија, Македонија и Албанија од идната година може да се сметаат на единствена работна дозвола и единствен информативен систем, соопшти денеска претседателот на Стопанската комора на Србија, Марко Чадеж.

Чадеж на денешниот состанок на иницијативата „Отворен Балкан“ рече дека оваа иницијатива е клучна за опстанокот на економијата и работните места во регионот.

„Поради тоа денеска очекувам добри вести. Се усвојува патоказ со многу специфични задачи – што да се направи за ниту еден камион да не застанува повеќе на границата, а тоа е она што ни овозможува да растеме, ни овозможува раст на економијата. Имаме проблеми со работната сила. Пазарот на трудот станува навистина проблематичен. Мора да најдеме, за да го прошириме бизнисот, да правиме нови зделки, треба да имаме простор каде ќе ја реализираме работата и луѓе со кои ќе ја реализираме работата. Превозот е се поскап, а она што е веќе направено во рамки на Отворен Балкан, го скрати патот од почетокот на иницијативата до денес меѓу овие три земји – патот на камиони, стоки кои почнуваат да излегуваат од Албанија и да стигнуваат до Србија, за цел ден, што им заштеди пари на компаниите“, нагласи Чадеж.

Тој најави дека на денешната средба ќе присуствуваат 22 компании од Србија, Албанија и Македонија од различни области.

„Ќе има компании од секторите земјоделство, метална индустрија, електроника, информатика, градежна индустрија. Самите велат, ова ни е потреба. Оние со кои разговараме денеска вработуваат 50.000 луѓе и се заинтересирани да продолжат понатаму. Сфатија дека оваа иницијатива навистина има смисла“, рече Чадеж.

На денешната средба за „Отворен Балкан“ беше предвидено да учествува премиерот Зоран Заев, но откако тој го откажа патувањето, од Владата соопштија дека на состанокот во Белград ќе присуствува вицепремиерот Никола Димитров.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи