Медицинска сестра во заедницата – метод на поедноставување на здравствениот систем и пристапот на нега

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Земјите на ЕУ се повеќе своите ресурси ги насочуваат кон воведување на услуги во заедницата со цел да создадат услови за квалитетен живот на секој поединец, а собено на старите лица во помалите области. Република Австрија бележи значајни резултати во воспоставувањето на услуги во заедницата, и многу од воспоставените услуги се мултиплицирани во други земји на ЕУ и пошироко.

Мрежата на ЛАГОВИ во соработка со организацијата Regionalmanagement Regio3 од Австрија со поддршка на федералното Австриско Министерство за социјални работи, здравство, нега и заштита на потрошувачи денес одржаа работилница на тема “Медицинска сестра во заедницата”. Тоа е иновативна практика која е воведена во локалните заедници за заштита на здравјето на граѓаните преку идентификување на предизвиците за здрав начин на живот. Медицинска сестра во заедницата е метод на поедноставување на здравствениот систем и пристапот на нега, преку воведување на услуга на грижа за целата заедница. Воведувањето на оваа услуга опфаќа и дигитален пристап до информации кој им овозможува на жителите на заедницата да бидат во тек со новостите, да се поврзат со други даватели на услуги во областа на здравствената заштита во заедницата, да се зголеми знаењето во областите релевантни за примарната здравствена заштита и да може да донесуваат одлуки врз база на реални информации.

Денес, кога грижата на постарите лица е предизвик на глобално ниво, воспоставувањето на услуги од ваков тип станува неопходна потреба за државите. На денешната работилница беше презентирана една услуга во заедницата, но во наредниот период ќе се одржат и други работилници за услуги во заедницата на кои ќе бидат презентирани добри практики од Австрија кои може да се приспособат и да се воведат во нашата држава.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи