На скопскиот аеродром пристигна нова група од 131 Авганистанец

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Синоќа на Меѓународниот аеродром Скопје, пристигна група од 131 граѓанин на Авганистан. Се работи за вработени на Обединетите Нации за кои Македонија обезбеди привремен престој до нивното заминување во трета држава. Земјава со ова продолжува да помага во меѓународната хуманитарна операција за помош на цивили кои се под опасност од новата талибанска власт.

По слетувањето беше спроведена стандардната процедура- безбедносна проверка и заштита и ПЦР тест. Авганистанците ќе бидат привремено сместени во Скопје, а трошоците во целост се покриени од Обединетите Нации.

Во земјава во моментов престојува 531 граѓанин на Авганистан за кои институциите им ја обезбедуваат и пружаат потребната поддршка и помош.

Од Македонија до сега заминаа 84 граѓани на кои траен престој им обезбедија Франција, Грција, Ирска, Португалија и Бразил.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи