Позитивни 6 од 1323 ученици опфатени со скринингот за ковид-19 во училиштата

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Министерството за здравство вчера соопшти дека од 1323 основци и средношколци досега опфатени со скринингот за откривање Ковид-19 во училиштата, вирусот бил потврден кај 6 ученици во основното образование, а 1317 ученици биле негативни на тестот.

Тестирани се 725 основци од прво до деветто одделение и 598 средношколци од подрачјето на Кочани, Штип, Велес, Скопје, Куманово, Прилеп, Битола, Струмица, Тетово и Охрид.

Од Министерството посочија дека ги објавуваат досега обработените податоци за првите денови од скринингот, кој го прават центрите за јавно здравје во 496 средни и основни училишта на територија на цела држава. Тие постапуваат согласно донесениот алгоритам за училиштата во случај на појава на ученик со симптоми или сомнителен на вирусот.

„За поголем дел од центрите за јавно здравје скринингот завршува утре, а крајните резултати центрите мора да ги испратат најдоцна до средината од следната седмица. По обработката на податоците Министерството за здравство ќе ја објави целосната анлиза со што ќе се добие генерална слика за присуство на вирусот КОВИД-19 меѓу учениците во училиштата“, соопштува Министерството за здравство.

Информира и дека во моментов активни на вирусот во земјава се 885 деца на возраст од 0 до 17 години. На Институтот за белодробни заболувања Козле хоспитализирани се 19 деца на возраст од 9 до 16 години. Еден пациент е на кислородна поддршка, а сите останати се со лесна клиничка слика. Ниту едно од хоспитализираните деца не е вакцинирано.

Според податоците од националниот систем „Мој термин”, досега во земјава 5800 деца на возраст од 12,13,14,15,16 и 17 години примиле една доза антиковид-вакцина, а ревакцинирани се 4860 малолетници.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи