Ретроспективна изложба на скулптури во дрво изработени во текот на 50 години од ЦСЛУ

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


На осми ноември 2021 во 19:00 часот  во Ликовниот салон во НУЦК „Марко Цепенков“ Прилеп  ќе биде отворена ретроспективна изложба на скулптури во дрво изработени во текот на 50 години континуирано ликовно творештво во „Интернационалното студио за пластика во дрво“ во организација на Центарот за современа ликовна уметност од Прилеп. На изложбата ќе бидат изложени и фотографии на дел од изработените скулптури.

Веќе 64 години Прилеп ја негува ликовната уметност преку Уметничкото лето и Интернационалните ликовни работилници во организација на Центарот за современа ликовна уметност од Прилеп. Во текот на овие 64 години континуирано ликовно творење, Прилеп има една поголема збирка на ликовни дела изработени во различни техники и материјали.

Последните години почнувајќи од 2017 година и јубилејот  „60 години ликовно творештво ЦСЛУ-Прилеп“ посветен на 60 години континуирано сликарско творештво во Интернационалната сликарска колонија, јубилеите се редат еден по еден. Во 2018 година ЦСЛУ-Прилеп со гордост го прославува јубилејот „55 години Интернационален скулпторски симпозиум Мермер“, а во 2019 година од големо значење за нив  беше и одбележувањето на јубилејот „35 години Интернационално атеље за скулптура во метал“. Веќе во 2020 година успешно го одбележуваат и јубилејот 40 години ЦСЛУ-Прилеп (официјалното отпочнување со работа на ЦСЛУ-Прилеп и реорганизацијата и спојувањето на сите ликовни студија под една организација), за да оваа година достоинствено го одбележат и јубилејот „50 години Интернационално студио за пластика во дрво“.

ЦСЛУ-Прилеп во континуитет секоја година прави одличен избор на уметници од домашната, но и од меѓународната уметничка сцена, од кои дел се познати и во светски рамки.

„ЦСЛУ-Прилеп континуирано потврдува дека поседува квалитет, компетентност и традиција да носи големи имиња/автори. Индивидуалната нишка на нашето постоење се крие во она што ќе го оставиме позади нас. Богатството кое Прилеп го добива секоја година преку ликовните изрази  е наследство кое го оставаме на нашите идни генерации“, велат од ЦСЛУ.

Иложбата е дел од годишната програма за работа на ЦК „Марко Цепенков“ за 2021 поддржана од Министерството за култура.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи