Совет на Европа: Време е ЕУ да ја забрза интеграцијата на Западен Балкан

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Помина премногу време од Дејтонскиот договор и ветувањето на лидерите на Европската унија во Солун дека ќе ја отворат вратата за Западен Балкан и сега е „време ЕУ да го забрза тоа“, соопшти во Будимпешта Парламентарното собрание на Советот на Европа.

Резолуцијата, образложена од грчкиот пратеник Јоргос Папандреу и усвоена од Комитетот за политички прашања и демократија на СЕ, повика „ЕУ да го забрза процесот на интеграција на Западен Балкан со продолжување на преговорите со Србија и Црна Гора и започнување преговори за членство со Албанија и Македонија, да ѝ додели кандидатски статус на Босна и Херцеговина и да воведе безвизен режим за народот на Косово“.

Долгото време од неисполнетите ветувања на ЕУ, се наведува во документот, „предизвика разочарување, губење на надежта, поттикна етноцентрични аспирации и националистички копнежи, што ја уништи довербата во ЕУ кај јавноста во регионот и го отвори патот за други геополитички фактори“. Пред пратениците на овој Комитет на Парламентарното собрание на Советот на Европа се обрати и европскиот комесар за проширување, Оливер Вархеји.

Во резолуцијата на Комитетот на Парламентарното собрание на СЕ се истакнува дека „поддршката за демократските реформи, помирувањето и добрососедските односи на Западен Балкан се од суштинско значење за мирот, безбедноста и демократската стабилност во цела Европа“.
Резолуцијата ги повикува телата на СЕ да придонесат за таквиот реформски процес и се нагласува дека се нудат опипливи методи за поддршка на „јасната европска перспектива на Западен Балкан“.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи