Сугарески поднесе оставка од функцијата претседател на Надзорниот одбор на СДСМ

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Поранешниот пратеник и министер за транспорт и врски Горан Сугарески објави дека поднесува оставка од функцијата претседател и член на Надзорниот одбор на СДСМ по поразот во првиот круг од локалните избори како кандидат за градоначалник на Прилеп.

„Во знак на морална одговорност за неуспехот на локалните избори, како на локално така и на централно ниво, поднесувам оставка од функцијата претседател и член на Надзорниот одбор на СДСМ.

Извршувањето високи партиски и државни функции, покрај другото подразбира и одговорност кон граѓаните и членовите на нашата партија. Во таа насока, оставката претставува мој придонес за што побрза консолидација на партијата и што поскоро враќање на победничките патеки.

Упатувам благодарност на актуелното партиско раководство, како и на сите членови на партијата за укажаната можност да извршувам високи партиски функции, меѓу кои и последната, претседател и член на Надзорниот одбор.

Јас сум социјалдемократ, секогаш тоа и ќе бидам. Останувам верен на партијата и се ставам на располагање за било каков понатамошен ангажман“, објави Сугарески.


Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи