Мрежата на ЛАГОВИ потпиша Меморандум за соработка со Здружението ИНКЛУЗИВА

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Со цел да даде придонес кон подобрување на состојбата на лицата со попреченост Мрежата на ЛАГОВИ потпиша Меморандум за соработка со Здружението за промоција и развој на инклузивно општество ИНКЛУЗИВА.

Локалните Акциони Групи имаат за цел социјално и економско јакнење на руралните средини. Жителите во руралните средини се соочуваат со ограничени можности, а особено со бројни предизвици се соочуваат лицата со интелектуална и физичка попреченост и нивните семејства.

Ова е почеток на соработка на полето на човекови права, пристап до права кои се одредени согласно европското законодавство, домашната законска регулатива и подзаконските акти, спроведување на истражувања и анализи за степенот на исполнетост на регулативата и јавните политики, градење на капацитети и споделување на добри практики, воведување на иновативни пристапи во работењето, и создавање на услови за инклузивно општество и подобар живот на маргинализираните групи во руралните средини.

Автор: ЛАГ АГРО ЛИДЕР.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи