Стабилна е состојбата во училиштата, во Прилеп за 30 % зголемен бројот на позитивни

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


По скринигот во прилепските и во училиштата од регионот, од прилепскиот Центар за јавно здравје велат дека состојбата е стабилна. Од 343 тестирани ученици од 20 основни и осум средни училишта во пет општини: Прилеп, Кривогаштани, Долнени, Крушево и Македонски Брод, само тројца ученици – еден од средно, двајца од основни училишта, се позитивни.

Според Драгица Николоска, директор на Центарот за јавно здравје, состојбата се смета за стабилна.

„Вкупно беа обработени 20 основни училишта со 213 ученици каде имавме два позитивни ученици и осум средни училишта со 130 тестирани ученици и само еден ученик беше позитивен. Конкретно, во Прилеп, заедно со населените места Канатларци, Тополчани и Мало Коњари, беа тестирани 234 ученици и имаше еден позитивен ученик во средно училиште. Во Кривогаштани немаше ниту еден позитивен од вкупно 14 тестирани ученици од две основни училишта. Исто е и во Македонски Брод, каде сите тестирани 20 ученици од основно и средно училиште беа негативни. Во Долнени еден ученик од основно училиште е позитивен од 47-те тестирани и еден ученик во Крушево од 29 тестирани ученици по случаен избор. Значи, вкупно во регионот, од сите тестирани има позитивни двајца ученици од основно и еден од средно училиште. Ова покажува дека процентот на позитивни е помал од единица и ситуацијата засега може да се оцени како стабилна“, изјави Николоска.

Но, во градот, бројот на позитивни расте и тоа за 30 отсто се повеќе во последната недела во споредба со претходните две недели во октомври. И тоа главно на возраст од 20 до 49 години.

„Последнава недела забележано е зголемување на бројот на позитивните случаи. За цела недела се регистрирани 186 случаи, што е за 30 проценти повеќе од претходните две недели во октомври. Најмногу е опфатено населението од 20 до 49 години. Во модуларната болница моментално се хоспитализирани 17 пациенти од кои 14 се на кислородна поддршка. Од вкупно хоспитализираните четворица се вакцинирани. Но, наредниот период како што се очекува студеното време, луѓето повеќе ќе престојуваат во затворен простор и е зголемена можноста за трансмисија, па е потребна крајна внимателност, носење маска, држење дистанца. Досега не е забележан некој нов сој на вирусот“, вели Николоска.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи