ВИДЕО – Еко смарт клупата комплетно завршена и поставена пред влезот на СОУ „Ѓорче Петров“

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Членовите на физичката секција при СОУ „Ѓорче Петров“ од Прилеп, конечно ја завршија својата иновација, Еко смарт клупа и истата ја поставија пред самиот влез на училиштето. Клупата работи на сончеви панели, кои се поставени како нејзин кров, а на клупата може да се полнат мобилни телефони, лап топи, да се слуша радио, да се постават светлечки тела, рекламни паноа и слично кои како извор на енергија ќе го користат сонцето.

„За овој проект ни беа потребни 3 месеци да го изработиме, но поради ковид состојбата и кризата не можевме истиот да го реализираме и промовираме како што треба, па затоа ни се продолжи рокот цели 2 години. И сега еве добиваме готов производ и се надеваме дека можеме да го презентираме секаде и дека може да има интерес за него“, рече Јована Мискоска, ученик во СОУ „Ѓорче Петров“.

Овој проект е финансиски поддржан и од Фондот за иновации, со чии претставници учениците денеска/вчера имаа и видео презентација на која го ја промоцираа иновацијата.

„Се употребува најмногу оваа клупа за полнење на телефоните, полнење на лап топи, односно се што се полни со кабел. За лед ламби, за диоди, за приклучување на неа на рекламни паноа и слично. Клупата може да биде поставена секаде каде што има сонце, но би било најдобро таа да бие поставена во парковите, училиште дворови, каде што децата би имале пристап до неа, да го наполнат телефонот или слично“, додаде Елеонора Тренкоска, ученик во СОУ „Ѓорче Петров“.

 Професорот Сашо Кочоски е горд на младите таленти, особено што станува збор за средно медицинско училиште, а ова е една од најактивните физички секции во државава.

„Пред 2 години кога ја промовиравме прв пат оваа клупа имаше за неа заинтересирано повеќе мина, но така се случи тогаш таа кризна ситуација со короната и не можевме да постигнеме ништо. Сега се надевам дека истата ќе ја промовираме и во училиштата, се надеваме на интерес и на локалната самоуправа, па може да се понуди да биде поставена во разни паркови, па дури и на планина, каде има сонце, а нема достап на струја, односно електрична енергија, каде планинарите може да одмораат на неа и во исто време ако имаат потреба да си го наполнат својот мобилен, таблет, лап топ или слично“, истакна Сашо Кочоски, професор во СОУ „Ѓорче Петров“.

Нареден проект на кој работат е креирање на безбедносен елек за велосипеди, кој со стрелки покажува во која насока ќе врти велосипедистот.

„Станува збор безбедносни елеци кои ги користат велосипедистите, моторџиите, за да не дојде до несреќа, за заштита во сообраќајот“, вели Николче Шаниноски, ученик во СОУ „Ѓорче Петров“.

 Учениците се надеваат дека овие нивни иновации и понатаму ќе наидуваат на поголема помош од државата.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи