Скопјанка „олеснила“ крушевчанец за 207.000 денари

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


На 09.11.2021  во ПС Крушево, 46-годишен жител на Крушево пријави дека бил измамен од Д.Н. – женско лице од Скопје, кое така се претставило на социјалната мрежа Фејсбук.

Од СВР Битола инфромираат дека според пријавеното, тие оствариле контакт на социјалната мрежа Фејсбук и по кратко време тој ѝ го испратил изводот од неговата банкарска сметка, по што таа ги искористила неговите лични податоци и подигнала брз кредит од 207.000 денари од финансиско друштво.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи