Јада сезоната ќе ја започни со Светски Куп Биатлон, а ќе ја заврши со Зимската Олимпијада во Пекинг

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Македонскиот репрезентативец во биатлон и нордиско скијање, Ставре Јада, пред почетокот на сезоната за Инфо Компас изјави дека е задоволен од досега изработеното, од постигнатите резултати во летните трки, но и од односот на Скијачката Федерација, која му овозможила три висински подготовки на Белмекен во Бугарија. Одлилчна соработка имал и со Агенција за млади и спорт и Македонскиот Олимписки комитет.

„Пред неколку дена се вратив од последните подготовки на суво односно на ролки, поминав одлични припреми на високо планинската база „Белмекен“ Бугарија која се наоѓа на 1.990 м.н.висина и е исклучиво наменета за високо планински тренинг кој целиот свет го практикува посебно оваа година зошто на Зимската Олимпијада во Пекинг стазите ќе бидат на 1.800 1.900 м висина. Зимската сезона е се поблиску, денес заминувам на првите подготовки на снег во Австрија, а потоа директно патувам за Шведска (Остерсунд) каде ќе се одржат првите биатлон натпревари од Светскиот куп, од таму следува Светски куп биатлон во Австрија и пред нова година односно третиот Светски куп во Франција, тоа ќе биде едно големо искуство за мене Светскиот куп е елитно натпреварување во биатлон, но сакам да покажам на светот дека Македонскиот биатлон постоел и ќе постои“, вели за Инфо Компас, Ставре Јада.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи