Парите за новогодишно украсување и прослави да се дадат на семејствата чии домови изгореа во пожар

Прилепскиот пожарникар Блаже Јовески на својот ФБ профил излезе со одличен предлог – парите кои се предвидени за новогодишно украсување и прослави да се пренаменат за семејствата чии домови изгореа изминатата година во пожар.

„Во изминатава година неколку прилепски семејства останаа без покрив над главата. Нивните домови настрадаа во пожар, тие семејства и ден денес се мачат да обезбедат дом за себе. Сите сакаме да сме солидарни, па еве можност да покажиме дека сме.  Како Пожарникар при ТППЕ Прилеп бев дирекно вклучен во гаснењето на опожарените домови, а сум и запознаен со проблемите на тие семејства. Заради тоа сега ја потегнувам оваа иницијатива“, вели во својот статус Јовески.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи