31 новозаразен и 1 починат од корона во Прилеп


Во последните 24 часа направени се 3.597 тестирања, а регистрирани се 656 нови случаи на КОВИД-19 во:

  • Скопје – 257
  • Битола – 38
  • Куманово – 34
  • Прилеп – 31
  • Штип – 30
  • Кавадарци – 27
  • Тетово – 26
  • Велес – 24
  • Кочани – 23
  • Охрид и Крива Паланка – по 18
  • Струмица, Неготино и Делчево – по 13
  • Гевгелија – 12
  • Кратово – 11
  • Радовиш – 10
  • Ресен, Пробиштип и Демир Хисар – по 8
  • Струга – 6
  • Кичево, Свети Николе, Крушево и Македонска Каменица – по 4
  • Берово, Виница, Богданци и Демир Капија – по 3

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 13 починати лица: 4 починати лица од Скопје (67г, 76г, 80г и 86г), 2 починати лица од Куманово (65г и 70г) и по едно починато лице од Гевгелија (71г), Кавадарци (84г), Охрид (76г), Прилеп (71г), Радовиш (70г), Свети Николе (83г) и Штип (74г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.

Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, се пријавени осум починати лица со датум на смрт од 31.10.2021 до 08.11.2021. Регистрирани се починати лица од Скопје (4), Прилеп (1), Охрид (1), Кавадарци (1) и Велес (1) на возраст од 49 до 89 години, од кои 2 се починати во домашни услови и 6 во болнички услови.

Регистрирани сe 273 оздравени пациент од:

  • Скопје – 153
  • Куманово – 20
  • Кочани – 16
  • Прилеп – 14
  • Кавадараци – 12
  • Велес – 10
  • Битола, Штип и Крива Паланка – по 6
  • Тетово и Неготино – по 4
  • Делчево – 3, Струмица, Струга, Гевгелија, Радовиш, Виница, Пробиштип и Крушево – по 2
  • Гостивар, Охрид, Ресен, Кратово и Демир Хисар – по 1

Досега во земјата се направени вкупно 1.415.992 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 207.566, бројот на оздравени пациенти е 191.922, на починати е 7.276, а бројот на активни случаи изнесува 8.368.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи