Нема потребно мнозинство за гласање недоверба на Владата

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Покренувачите на Иницијативата, ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса на Албанците и Алтернатива, Левица и Беса го немаат потребното мнозинство за гласање недоверба на Владата, откако стана јасно дека пратеникот Кастриот Реџепи од Беса не присуствува на седницата иако е потпишан на иницијативата.

Реџепи ова го потврди на Фејсбук статус посочувајќи, меѓу другото, дека одлучил да не присуствува на седницата „имајќи ја предвид актуелната политичка состојба по оставката на премиерот Заев и заради процесот и силните пораки од стратешките партнери – САД и ЕУ, кои ми се соопштени од висок дипломатски претставник дека во месец декември државата има големи можности да добие датум за преговори со ЕУ”.

Претседавањето со седницата го презеде потпретседателот на Собранието Фадил Зендели кој доаѓа од Беса и е еден од потписниците на Иницијативата. По самиот почеток, седницата ја напушти претседателот на Собранието Талат Џафери.

Џафери даде пауза од 10 минути и ја напушти салата. Тој кажа дека тој не ја поддржува иницијативата за гласање доверба на владата и му ја препушти седницата на потпретседателот на Собранието, Фадиљ Зендели од Беса. Пратениците од досегашното мнозинство, предводено од СДСМ и ДУИ, не влегоа во салата. Двајца пратеници од ВМРО-ДПМНЕ се во изолација и тие се сместени во галеријата на пленарната сала.

Во салата при првото пребројување имаше 61 пратеник, но со напуштањето на Џафери сега има само 60. За кворум се потребни најмалку 61 пратеник.

Како ќе продолжи седницата и дали ќе дојде до гласање останува да се види во текот на денот. Седницата треба да трае до полноќ, кога би било и гласањето за доверба на владата.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи