СТАНИЦА П.Е.Т. е добитник на наградата „3 Ноември” од Општина Прилеп – плакета за придонес во едукацијата и асистенцијата на граѓаните во насока на остварување на нивните права

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Здружението за правна едукација и транспарентност СТАНИЦА П.Е.Т. Прилеп  активно работи на територијата на Општина Прилеп и соседните општини Кривогаштани, Долнени и Мариовскиот регион во насока на овозможување на едукација и правна помош на граѓаните за остварување на нивните права со фокус кон ранливите и маргинализирани групи.

За таа цел, по повод одбележувањето на празникот 3-ти Ноември на Општина Прилеп, а врз основа на објавен Јавен повик на Општина Прилеп, нашето здружение беше номинирано до Комисијата за одбележување празници и манифестации и доделување награди и признанија при Советот на Општина Прилеп, за добивање на општинска награда и признание “3-ти Ноември”за достигнувањеи придонес.

На свечената седница на Советот на Општина Прилеп која се одржа во собраниската сала на Општина Прилеп, по повод Денот на ослободувањето на Прилеп 3-ти Ноември, на здруженија и поединци им беа доделени плакети и дипломи меѓу кои плакета и на Здружение за правна едукација и транспарентност СТАНИЦА П.Е.Т. Прилеп, за придонес во едукацијата и асистенцијата на граѓаните во насока на остварување на нивните права.

„Самиот назив на здружението односно терминот “станица” претставува место каде што луѓето секогаш можат да се обратат, а зборот “ПЕТ” е акроним и означуваправна едукација и транспарентност. Ова значи дека ова здружение е место каде сите граѓани можат да бидат правно едуцирани и да побараат помош, но и транспарентност и отчетност од институциите.Водени од мисијата да се остварат правните потреби на граѓаните преку поттикнување на отвореност и соработка со институциите, се цели кон визијата за овозможување пристап до правда за секој граѓанин. Заложбите продолжуваат под мотото “Ако правото не е достапно за сите, тогаш и правдата не е достапна за сите. А ако правдата не е достапна за сите, таа не е право туку привилегија!

Чест и задоволство, но и уште поголема одговорност е добивањето на едно вакво признание од општината во која работи и делува СТАНИЦА П.Е.Т., како и поттик за уште поголема ангажираност во иднина. Оваа награда е заслуга на целиот тим на правници, параправници, промотори во заедницата и сите активисти кои секојдневно се залагаат за приближување на правдата поблиску до сите.

Автор: СТАНИЦА П.Е.Т. Прилеп.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи