ВИДЕО – Холштајн: Денот на народната жалост е момент за емпатија и опомена, за разбирање и помирување, мост кон заедничка мирна иднина на ЕУ

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


На Германските гробишта во Прилеп во присуство на амбасадорите на Германија и Франција во Македонија, Анке Холштајн и Сирил Бомгартнер, беше одбележан Денот на примирјето од Првата светска војна и Денот на народна жалост. Амбасадорите положија свежо цвеќе и оддадоа спомен за сите мртви, ранети, изчезнати и раселени лица, за жртвите на насилство и ранети лица од сите војни и сите народи.

Амбасадорката на Германија, Анке Холштајн, истакна дека тоа што се случило не не можеме да го вратиме назад, ниту пак можеме да го игнорираме, релативизираме или реинтерпретираме. Единствениот пат кој ни преостанувал било сите да се заложиме за тоа војната и диктатурата никогаш да не се повторат.

„Мораме со сета сила внатрешно да се ангжирамне за демократија и толеранција, а надворешно за помирување и разбирање. Тоа што европските соседи и поранешни воени противници ни ја подадоа раката на помирувањето е скапоцен подарок кој што треба да се негува. Затоа не смееме никогаш да го заборавиме настанатото страдање. Денот на народната жалост е симбол на сеќавање и момент за размислување, за емпатија и опомена, за разбирање и помирување.  Тој е мост кон заедничката мирна иднина на Европа“, истакна Анке Холштајн, амбасадор на Германија во Македонија.

Пред присутните се обрати градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески, кој рече дека денеска се потсетуваме и ги споменуваме загинатите, но исто така треба да се потсетиме и дека тие времиња се зад нас и да посочиме дека денес треба да го одржуваме мирот кој што постои помеѓу нациите, кои порано биле завојувани или спротивставени страни.

„За жал, не сите народи и нации можат да го уживаат мирот кој го уживаме ние. Се уште во светот, на повеќе континенти и во повеќе држави секојдневно луѓето се соочуваат со насилства од различен тип. Сеуште има вооружени конфликти, дури и ограничување на слободата. Голем број на луѓе, умираат, некои живеат страдајќи, а некои пак се расселуват од своите места на живеење. Ние сите заедно да се бориме за слобода и еднаквости да бидеме горди на мирниот соживот и одржувањето на мирот во светот“, рече градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески.

Денеска почит на овој ден во Прилеп оддадоа и голем број претставници на дипломатскиот кор во земјава.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи