ВИДЕО – Тутунарите очекуваат просечната цена годинава да не биде под 220 денари поради одличниот квалитет

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


На прагот на новата реколта за откуп на тутунот тутунарите очекуваат далеку повисоки цени за разлика од лани затоа што велат дека годинава квалитетот бил многу подобар. Поради сушното време ќе има и помалку тутун од лани, односно се очекува реколтата да тежи максимум околу 20 милиони килограми, а можеби и помалку. Од Сојузот на земјоделски здруженија се задоволни од промените што настанале во правилникот за откуп.

„Во првата класа ги зголемивме сантиметрите на листот на тутунот од 12 на 14 сантиметри, во втората класа го зголемивме до 18 сантиметри, во третата класа што никогаш досега не било подбирот  да биди проценуван во трета класа, годинава подбирот или првата берба по наше кажано, влегува во трета класа. Оваа година ние се изборивме и направивме една збирна класа, онаа истата четврта класа, сега се вика втора-прва класа и се она што е расипано, затрулено оштетено до 60 % ќе биде во таа збирна класа“, изјави Менде Стомнароски, претседател на Сојуз на земјоделски здруженија.

И од новоформираните тутунски здруженија очекуваат просечната цена да не биде подолу од 220 денари за килограм бидејќи тутунот со одличен квалитет. За измените на правилнилникот за откуп пак тие се со спротивен став и сметаат дека се само шминка со која ништо суштински не се решило.

„Инспекторатот за земјоделие да бидат будни и присутни цело време на терен и да ги зачестат своите контроли на откупните пунктови, а исто така сметаме дека како фактор кој може да одлучува за повисок просек на ова реколта се поверениците кои се делегирани на ваги. Тие се таа прва брана која може да осигура за тутунарите повисока откупна цена“, рече Игор Мирчески, координатор на новоформираните тутунски здруженија.

Дел од откупните фирми велат дека се комплетно подготвени за откупот.

„Обезбедени се финансиските средства, воедно и потребната документација, ние сме максимално подготвени, од понеделник па понатаму, кога нашите кооператни ќе бидат подготвени, сме спремни да ги пречекаме на нашите ваги“, потенцираше Кире Станкоски, директор на Тутунски комбинат Прилеп.

Во понеделник компаниите ги земаат мострите, a од вторник која компанија сака може да започне со предвремениот откуп, законскиот рок за започнување на откупот е до 15 декември.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи