Бесими: Префрлени се 4 милјарди денари на ЕСМ за обезбедување на дополнителни количества струја

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Министерот за финансии Фатмир Бесими уверува дека се преземаат соодветни чекори за ублажување на последиците од енергетската криза.

Од Буџетот за 2021 година веќе се префрлени четири милијарди денари на АД Електрани на Македонија (ЕСМ) за обезбедување дополнителни количества електрична енергија, вклучително и балансна енергија.

„Во насока на ублажување на последиците од оваа енергетска криза која е со пошироки размери и не ја опфаќа само Македонија, се преземаат соодветни чекори. Веќе е прогласена кризна состојба во снабдувањето со електрична енергија и се преземаат мерки и активности насочени кон обезбедување дополнителни количини електрична енергија, вклучително и балансна енергија и резерва на активна моќност согласно утврдената кризна состојба“, рече Бесими.

Дополнително, за заштита на најранливите категории, Министерството за труд и социјална политика во координација со Министерството за економија се задолжени да подготват мерки за поддршка на социјално ранливите категории за да користат дополнителни средства за заштита од енергетска сиромаштија.

„Ваква мерка веќе се спроведува и имаме 45.622 корисници од ранливи категории кои добиваат 1000 денари додаток за покривање на трошоци за греење. Мерка која, исто така, ја донесовме и веќе се спроведува, а беше во насока токму на заштита на стандардот на граѓаните, е намалувањето на ДДВ кај електричната енергија од 18 на 5 проценти за домаќинствата“, вели Бесими.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи