ВИДЕО – Се засадија 5.000 садници кај манастирот Св. Димитрија, Селце – донатор Љубен Митрески од Скопје

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Во денешната еко акција за пошумување која се случи во околината на манасторот Свети Димитрија кај селото Селце беа засадени 5.000 садници багрем. Донатор беше Љубен Митрески, кој живее во Скопје, но има прилепско потекло. Мотив за донацијата му била претходната ваква акција која се случи пред 3 недели, кога донатор на 500 садници беше прилепчанецот Диме Велески. Митрески се надева дека овој негов чекор че го следат и други компании и бизнисмени.

И убаво е да помогнеме кој колку можи, јас сум прилепчанец, имам  обврска да направам нешто, едноставно барем да донирам некои средства или дрвја. Благодарение на овие луѓе тука кои се иницијатори за ова, ова друштво, за да ова место се оплемени и биде како што било порано“, истакна Љубен Митрески, донатор на 5.000 садници.

Следејќи го примерот на Велески и Митрески за идната пролет се пријавиле и донатори од Швајцарија со прилепско потекло да дојдат да донираат и да засадат дрвја во околината на Прилеп, затоа што на некои места шумскиот фонд во прилепско и уништен скоро 100% од дрвокрадците и пожарите.

Многу е потребно обновување на шумскиот фонд тука, затоа што е доста уништено, несовесноста на нашите граѓани е толку голема што ако поседиме уште малку со вкрстени раце за скоро време ќе немаме ни шума“, рече Диме Велески, донатор на садниците во претходната акција.

 

„Во околината на Прилеп за жал е потребно големо пошумување, не само тука каде што се наоѓа кај манастирот во Селце, туку и во другите региони околу градот, имавме и оваа година како и другите големи пожари кои уништија доста шума. Главен фактор за пожарите знаеме дека е човекот, односно дека пожарите се подметнати и се помалку се ваквите иницијативи за грижа и заштита на животната средина“, додаде Дарко Неданоски, дел од тимот на Златоврв, организатори на акцијата.

Но сите се согласни дека и 500 вакви акции да се напрагат по 5.000 садници џабе ќе биде се ако институциите и понатаму се прават глуви и слепи на невидениот криминал со кражбата на дрва во Прилеп кој се прави тука веќе 30 години.

„Дефинитивно треба да заврши таа приказна со дрвокрадството. Да се прогласи треба за најтешко кривично дело и тие луѓе треба да се санкционираат и да се најдат таму каде што му е местото. Никој нема право да уништува нешто што не е негово, така што јас знам дека тука во Прилеп постои ајде да ја нарешам некаква мафија на која никој ништо не и може, што е штета, но ние сме нели држава, па ако сме држава треба да постои правен поредок“, истакна Митрески, донатор на 5.000 садници.

Акции за пошумување во прилепско се најавени и во наредните викенди се додека за тоа дозволуваат временските услови.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи