Од утре за влез во објекти ќе се бара сертификат за вакцинација со две дози

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Министерството за здравство информира дека почнувајќи од утре (15 ноември) за влез во објекти ќе биде потребен сертификат за вакцинација против коронавирус, односно примени две дози на вакцината против Ковид-19.

Исто така влез ќе им биде одобрен на лицата со сертификат за прележан Ковид-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето.

Министерството за здравство апелира граѓаните да ги почитуваат мерките и да бидат одговорни, а оние кои сѐ уште не се вакцинирани што побрзо да го направат тоа.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи