Изградба на пешачката улица „Борка Талески“, изградба на главен доводен цевковод во Канатларци и доизградба на градинката во Точила

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


На четвртата седница на Советот на Општина Прилеп, што се одржа денеска, се најдоа 5 точки, меѓу кои и развојните програми за 2022 година. Согласно Планот на развојни програми на Општина Прилеп за 2022 за кои гласаа советниците, предвидена е реализација на проектот за изградба на пешачката улица „Борка Талески“, изградба на главен доводен цевковод во населеното место Канатларци и изградба на детската градинка во населбата Точила.

Покрај усвоените развојни програми на денешната седница не се изгласаа тримесечните извештаи за финансиското работење на Општина Прилеп и јавните претпријатија ЈКП „Водовод и канализација“, „ЈКП „Комуналец“,како и на финансискиот извештај на ЈОУ Дом за стари лица „Киро Крстески-Платник“.

Со мнозинство гласови беше прифатен предлогот на претседателката на Комисијата за финансирање и буџет, Ирена Стерјовска Локвенец, Советот да покрене постапка за вршење контрола над материјалното и финансиско работење пред надлежен орган за надзор и да се дополнат одлуките за давање согласност на тримесечните извештаи за финансиското работење на Општина Прилеп и јавните претпријатија и ЈОУ Дом за стари лица „Киро Крстески-Платник“.

Комисијата за елементарни непогоди одржа седница и го потврди Записникот од одржаната седница на комисијата од претходниот состав,  кој се однесува на барања за еднократна финансиска помош на семејствата чии домови изгореа во населбата Варош.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи