Кои фирми ја чистат Владата за 4 милиони евра, МВР за 3,4 милиони, Пошта за 770.000 ЕВРA?

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Верувале, или не, ама од чистење и од тековно одржување, односно од она што народски кажано го прават хаус-мајстори, може да се направат големи пари. Десетте најголеми компании кои се со шифра „останати дејности на чистење на згради и објекти“, лани направиле вкупен приход од 16,3 милиони евра (2,2 милиони евра повеќе отколку во 2019 година)  и тоа им донело добивка од 780.000 евра (220.000 евра повеќе отколку во 2019 година), покажуваат податоците од платформата БизнисМрежа.мк. Но, истражувањето на порталот „Пари“ доаѓа до уште поинтересен заклучок: заеднички именител на сите нив (освен на „Хаус мајстор домување“) им е учество на тендерите за јавни набавки на државни институции и претпријатија. А таму „во игра“ се големи суми – за одржување хигиена за една година во државните органи и подрачните едници на министерствата се плаќа 4 милиони евра, МВР и Агенцијата за национална безбедност имаат склучено двегодишни договори за 3,4 милиони евра, Пошта, исто така двегодишен договор за 770.000 евра…

Кои се најголемите играчи во бизнисот со чистење и тековно одржување и колку пари заработиле минатата година, погледнете од табелава:

ТОП 10 КОМПАНИИ ПО ПРИХОД ЗАРАБОТЕН ОД ЧИСТЕЊЕ И ОДРЖУВАЊЕ

Износите се во евра | Извор на податоци БизнисМрежа.Мк

Како што може да се види од табелата, рекордер во ова друштво е „Серта“. Оваа компанија ги чисти сите органи на државната управа и подрачните единици на минсистерства. Според последниот договор со Службата за општи и заеднички работи на Владата, склучен на 21 октомври 2021 годин, (објавен на Бирото за јавни набавки) „Серта“ ќе добие 256.132.930 денари, или над 4 милиони евра (вредност на Договорот со ДДВ). За овие пари, во текот на една година, „Серта“ треба да биде на располагање 24 часа, да чисти внатрешни површини, пристапни асфалти, фасади, снегови од кровови… Годинава „Серта“ склучила и два договори со Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони (ТИРЗ), едниот во вредност од 4,5 милиони денари, а другиот за 5,8 милиони денари, како и со ЈП „Водовод и канализација“ за 2,6 милиони денари. Дирекцијата за ТИРЗ и Водовод ги има и и во 2020 и во 2019 година. А, според известувањата за склучени договори, „Серта“ чисти и во Агенцијата за електронски комуникации, на Универзитетот „Кирил и Методиј“, Националната арена „Филип Втори“.

Службата за општи и заеднички работи на Владата има склучено договор за одржување на хигиена и со „БАПАЛ Благој“, исто така на 21.10.2021 година. Со оваа фирма договорот е 208.781.734 денари, или околу 3,4 милиони евра. И ова е едногодишен договор и се однесува на одржување на објектите на државната управа и на подрачните единици на министерствата, но овој пат за одржување на водовод, електрика, градежно занаетчиски работи, столарски работи. Годинава, оваа компанија склучила и двегодишен договор со Државна видеолотарија за одржување на хигиена на деловните простории со месечен надомест до 49.292 денари. Договори за тековно одржување и одржување на хигиена има и со Агенција за храна и ветеринарство, Агенција за аудио и аудиовизулни медиуми, Факултет за ветринарство, Државен завод за статистика…

И „Хауз мајстор плус“ годинава има склучено договор со Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони, но за  „услуги за сервис и одржување на електрични апарати и тековно одржување на ТИРЗ“. Овој договор е 1,4 милиони денари, или околу 23.000 евра. На Е-набавки има уште само еден договор со оваа фирма, а тој е со Факултетот за дизајн и технологии на мебел и ентериер при УКИМ,склучен на 371.809 денари.

„Техно-чист“ последен договор ( на 23.09.20121 година) има склучено со Пошта за одржување на хигиена во деловните простории во текот на 2 години. Овој договор, тежи 44,5 милиони денари, или околу 720.000 евра со ДДВ! Договори има и со Државна комисија за жалби по јавни набавки, ЈП Колекторски систем….

За хигиената и тековното одржување на работните и други простории на Министерството за внатрешни работи (МВР) и на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) на 10 јули годинава,  склучени се договори за наредните 2 години во висина од 3,4 милиони евра со три компании: „Инфинити  клининг“ за околу 2,2 милиони евра, „Ланд сервис“ за околу 1 милион евра и  „Сити логистика 2011“ за околу 170.000 евра. Но, пребарувањата за компанијата „Бигор клининг“ на системот за електроски набавки покажа дека МВР има склучено договор за хигиена и со оваа компанија, на 24.09.2021, во висина од 94.000 евра.

Покрај договорот со МВР, „Ланд сервис“ склучил договор и со ЈП за државни патишта, за одржување на хигиена во нивните објекти, исто така за две години, за околу 160.000 евра, а „Бигор клининг“ се договрил за 10.000 евра да го чисти Медицинскиот факултет, а хигиената во Институтот за радолологија ќе ја одржува една година за 14.000 евра.

Стед комерц“ склучил договори со МАНУ, со Службата за општи и заеднички работи на Владата, со Министерството за здравство, со Царинската управа… Поголем дел од договорите на оваа компанија се водат како „набавки со мала вредност“ и станува збор за одржвање на теписони, перење завеси и слично.

Перпетуумобиле“, на официјалната страница на Бирото за јавни набавки се јавува со склучена само една јавна набавка, и тоа со Министерството за финансии во 2019 година во вредност од 51.000 евра.

Извор: Пари

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи