Од денеска влез во затворени објекти само за вакцинирани и прележани

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Од денеска за влез во објектите e потребен сертификат со примени две дози вакцина или потврда за прележан Ковид-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето.

Од Комисијата за здравство во петокот соопштија дека засега нема да има препорака за нови рестриктивни мерки, бидејќи сегашните, како носењето маски, држењето дистанцата, честото миење раце и вакцинирањето, биле сосема доволни.

Министерот за здравство Венко Филипче со апел преку својот Фејсбук профил порача сите оние кои се уште не се вакцинирани да го направат тоа што побрзо.

„Апелирам граѓаните да ги почитуваат мерките и да бидат одговорни и оние кои сѐ уште не се вакцинирани, што побрзо да го направат тоа. Само со колективен имунитет може да го победиме вирусот“, напиша Филипче.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи