Измамен брачен пар од Прилеп – им ветил работа во Германија, им зел 700 евра и го снемало

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


На 15.11.2021 во ОВР Прилеп, 36-годишна жена од Прилеп пријавила дека таа и нејзиниот сопруг биле измамена од едно лице за сума од 700 евра. Според пријавеното, на 26.10.2021 таа видела оглас дека се бараат работници за во Германија преку хрватска агенција и стапила во контакт со лицето, кое се претставило дека е од Скопје, а живеело во Белград, Република Србија.

„Како што е пријавено, лицето побарало од неа да се сретнат во Белград и да му дадат по 350 евра од човек за да плати на агенцијата за автобускиот превоз до Загреб, Република Хрватска, а откако ќе пристигнат во Германија парите ќе им бидат вратени на сметка. Исто така, според пријавеното, по пристигнување во Загреб лицето било недостапно по што сфатиле дека се измамени. Се преземаат мерки за расчисување на случајот“, велат од СВР Битола.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи