Влада: Наредните денови ќе се изврши исплата на финансиска поддршка за 19.060 тутунари

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Портпаролите на Владата Душко Арсовски и Муамет Хоџа, на денешната редовна прес-конференција информираа за заклучоците и одлуките донесени на последната 119 седница на Владата и одговараа на прашања од интерес на јавноста.

На прес-конференцијата беше соопштено дека Владата, преку Генералниот Секретаријат, наредните денови ќе изврши исплата на финансиска поддршка за 19.060 тутунари со вкупна вредност од 300 милиони денари во рамки на пакетот поддршка за намалување на последиците предизвикани од КОВИД-19. Се работи за поддршка од три денари по килограм за произведен и продаден необработен тутун од втора класа и 16 денари по килограм за произведен и продаден необработен тутун од трета и четврта класа. На оваа финансиска поддршка и претходеше исплата на субвенции за произведен и предаден тутун во висина од 1.7 милијарди денари со што владината поддршка за тутунопроизводството во година на светска здравствена и економска криза изнесува два милијарди денари.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи