Во петок најдолгото затемнување на Месечината во последните 580 години

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Најдолгото помрачување на Месечината во последните 580 години ќе се случи во петок во утрнските часови, на 19 ноевмри, и ќе трае неколку часа.

Врвот на делумното замрачување ќе се случи рано наутро кога 97 % од Месечината ќе биде во сенка на Земјата.

Претходно, најдолгото помрачување на Месечината се случи во 2018 година и траеше помалку од два часа.

Помрачувањето беше видливо од сите 50 американски држави, Канада и мексико, како и од делови на Јужна Америка, Полинезија, Австралија и Кина, соопшти НАСА.

Месечината ќе биде на најдалечната точка од Земјата во текот на помрачувањето, успорувајќи ја својата орбита и продолжувајќи го времето потребно да излезе од најтемниот дел на сенката на Земјата, позната како умбра, затоа што Месечината, Земјата и Сонцето ќе бидат порамнети.

Настанот ќе почне нешто по полноќ и за разлика од помрачувањето на Сонцето, на никого нема да му бидат потребни очила за да го видат овој феномен.

Кога ќе дојде до помрачување, Месечината ќе има црвенкаст сјај, а ќе биде видлив само дел од вистинската Месечина. Ќе трае неколку часа, што го прави еден од најдолгите вакци настани во последните 580 години. Следното помрачување ќе се случи дури во мај 2022 година.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи