Левица Прилеп: ЈКП „Комуналец“ бара покачување на таксата, а народните пари ги троши на разни нелогичности

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Безидејноста и немањето капацитети на „Комуналец“ нe’ доведува до ситуација во која одговорните лица овој момент бараат покачување на цената на сметките на комуналии што директно ќе го оптерети буџетот на секој граѓанин, или како друга опција предлагано е намалување на обемот на работа или субвенционирање од локалната самоуправа. Ова нема никаква логика. Ова го истакна советникот на Левица во Прилеп, Иван Јованоски, на 4-тата седница на која ЈКП „Комуналец“ побарал покачување на сметката.

 

“ЈП КОМУНАЛЕЦ” БАРА ПОКАЧУВАЊЕ НА КОМУНАЛНИТЕ ТАКСИ А СОВЕТОТ ФИГУРИРА САМО КАКО ФИКТИВНО ТЕЛО

Едно ново отпочнувања на ист 30-ет годишен циклус, со нова божем-поинаква мнозинска локална гарнитура, послушна и тивка, очигледно под наредба со предходно напишано сценарио за тек на седница.

Советот продолжува само фиктивно да фигурира како Совет, исто како и претходно.

СИТЕ точки, уредно приложени и образложени како ИТНИ од страна на Левица, беа неделовнички одбиени лично од претседателот на Совет. Деловникот се толкува како некому му одговара, правдата продолжува да биде селективна како претходно, така и сега.

Истите локални, јавни претпријатија се на мета на корумпирани предатори, чија клептоманија флуктуира кон „џапање” што повеќе народни пари со различни предзнаци и легални ставки за „потрошеното”.

Онаа позната народна анегдота „од државно не бива ништо” паѓа во вода.

Главен проблем во секое јавно претпријатие се неадекватните, односно некомпетентните, најчесто партиски кадри. Се издвојуваат како корумпирани поединци на високи раководни позиции, од каде директно раководат и манипулираат со нашите пари, парите на народот. Поединци, од кои очигледно, никој до сега не сносил одговорност за ништо.

Со морално исправен кадар и мудра прераспределба на средствата, многу лесно можеме буквално да го преродиме секое јавно претпријатие, да биде рентабилно, народот навремено и ефикасно да ги добива услугите, согласно према нивната наплата.

Posted by Левица – Прилеп on Среда, 17 ноември 2021

„Прашањето што би го имале на ова ниво и онака е сведено на минимум одржувањето на хигиената на градов, значи од хигиена до с’e и сешто. Дали под намалување на работа се подразбира и бројот на вработени во „Комуналец“, затоа што не е потенцирано. Во секој случај секој од овие сценарија се катастрофални!

Прва работа, извршни побарувања. Нема увид за пресуди на овие побарувања.  Овде станува збор со голем прашалник.  Околу 10.000е е направена штета од страна на одговорните лица за неисплатени обврски на вработени кои добиле правосилни пресуди. И сега се исплаќа оштети со затезна камата, а во исто време„ Комуналец“ исплаќа околу 6.000 евра за јубилејни награди. Во ред.Заслужено.

И да биди иронијава уште поголема, јас не знам шо значи ова првово Н во надоместок.

Потрошени се над  100.000 евра. Околу 3.000 евра  за такси превоз има потрошено јавно претпријатие „Комуналец“. 3.300 евра за спонзорство. Спонзорство за шо ? На кого? Каде ? А се жалите дека работите со загуба, мене не ми е јасно.

Друга работа 140.000 евра  од вкупните трошоци во ЕДЕН КВАРТЕЛ се наведени за услуги на надоместоци на вработените и ДРУГИ ОСТАНАТИ ТРОШОЦИ. Ова ви е многу мудро „и други“, „и друго“, „разно“.

Која е потребава, од вкупно вработени 409, новите 14 лица да бида вработени преку приватна агенција за вработување ? Приватната  агенција за вработување зема 7% провизија од платата на вработениот и плус локалната самоуправа плаќа енормни суми за „услугава“ што ја врши.

Е сега овде имам 10 прашања до градоначалникот во врска со ова:

Која е потребата за ангажирање приватни (фирми) за  привремени вработувања, со оглед на тоа дека постои државна агенција за вработување, која не наплаќа провизија, и дали планирате да продолжи оваа пракса понатаму ? Значи нема логика да ангажираме приватна фирма кога веќе си постои државна фирма(државно претпријатие).

Има набавени Фиат(?),Рено(Канго?), кои се пишани по 20.000 евра без никакво образложување. Дали се работи за исплатена рата ? Дали станува збор за нови возила ? Ако станува збор за нови возила дали е рата ?Дали станува збор за половни возила ? Дали се целосно исплатени ? Не е ништо појаснето.

Најбитно прашање кое ме засега како граѓанин до „Комуналец“ поради нелогичната сума на приходи. Колкав е процентот на наплата на комумалии во градот? Нигде тоа никој не го спомна! Колкав е процентот на наплата на комумалии во градот според бројот на домаќинства во Општина Прилеп ?

Исто што е интересно:

30 тони гориво се потрошени. Или тоа е грубо 120 тони на ГОДИШНО НИВО! Тоа се 350 литри гориво ДНЕВНО! Ајде нека напрај некој една проста математика што се постугнува со 350 литри дневно. Ова е пресметка ако секое возило работело 24 сати, секој ден во месецот, 30 дена во месецот.

За резервни делови потрошени 35.000 евра.

5.000 евра за мобилни телефони .

1.200 евра за фиксна телефонија.

1.000 евра за интернет услуги .

1.900 евра за поштенски услуги. А има курир.

1.700 евра за лепење гуми. Колку пати ви се скинаја гумите ? Не ми е јасно. Една гума колку кошта? 100-500 денари ? Не е ништо прецизно и јасно потенцирано.

37.000 евра направени трошоци низ лавиринти за изгубени спорови СО КАМАТА!

Дали постои лице кое би сносило еднаш ОДГОВОРНОСТ ЗА ИЗГУБЕНИВЕ СПОРОВИ ?! Затоа што на луѓето не му се исплатени плати на време! Најверојатно нема во брз период, али ќе ИМА!

Околу милион евра за нелогични шизофрени трошоци народов плаќа во МАНДАТ, а притоа никој не одговара!

Доколку овие трошоци би биле пренаменети за решавање на проблемиве од долгорочен карактер. Јас би го зел како пример:

Општината што секоја година е оштетена по 200.000 евра за чистење, за тендер за чистење на снег. 200.000 евра за едно претпријатие ако бидат пренаменети средствата правилно. Општината може да купи 4 КАМИОНИ за чистење на снег и да биде решен проблемот долгорочно.

Како капаче на ова:

Прв квартал во добивка Комуналец е 50.000 евра. Втор квартал е во загуба од 5.000 евра и трет квартал е во загуба од 39.000 евра. Што значи „Комуналец“ моментално е во добивка 5.000 евра.

Јас не знам која е причинава, претпријатието работи во добивка, а бара покачување на комуналните такси.

Значи главен проблем кај секое јавно претпријатие и секоја јавна институција (државна) се неадекватните корумпирани поединци на позиција што раководат со НАШИ пари, со ДРЖАВНИ ПАРИ. Со поштен кадар и мудро распределување на средствата можиме буквално да го препородиме секое јавно претпријатие, да биди и рентабилно и граѓаните да ги добиваат услугите адекватно спрема нивната наплата.

Е сега оваа точка како и претходниве е давање на зелено светло за декриминализација на очигледен криминал“, се вели во соопштението на Левица.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи