Мицкоски: Власта нека прифати пораз и да имаме брзи парламентарни избори

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Нема да има опструкции при носењето на Буџетот за 2021 година. Ова го најави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Тој посочи дека треба час поскоро да има предвремени парламентарни избори, а не може да каже дали Владата на СДСМ ќе замине сега, за месец, два месеци.

„Јас се срамам што такви луѓе опстојуваат на политичката сцена. Тоа не беше успех. Денес имаме 60 пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, 59 на опозицијата и 1 не знам каде“. Многумина очекуваат да ја вратиме довербата на граѓаните мегу политичарите, нашата цел е крај на оваа криминална влада. Ако некој е полициско душкало кое манипулира со чувствата на народот, тоа нема да го види, затоа што ВМРО-ДПМНЕ е партија од народот и така ке продолжи да делува. Ова е само почеток, продолжуваме со реалзизација на ветеното, мотото е дека на политичарите местото не им е во дебелите кожени фотељи туку меѓу народот. Нема да кукаме колку е лоша состојбата, знаеме дека е лоша, да ги засукаме ракавите оти ако беше лесно немаше да бидеме ние, ќе беа некои други“, изјави Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ вели дека не може да прецизира кога ке замине владата, но тоа ке биде сигурно и тоа ќе го одлучи народот.

„Доколку нема предвремени парламентарни избори, ќе мора да го оцениме однесувањето на СДСМ  и ДУИ како неодговорно кон граѓаните и кон државата, мора да разберат дека се поразени“, дополнува тој.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи