“Со љубов за граѓаните од трето доба”- иницијатива на ЛАГ АГРО ЛИДЕР за лицата од трето доба

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

ЛАГ АГРО ЛИДЕР дел од своите активности ги насочува кон спроведување на иницијативи за подобрување на животот на граѓаните од трето доба.

Во соработка со ЈУ Градска библиотека “Борка Талески” Прилеп и Домот за стари лица “Киро Крстески – Платник” Прилеп ја започнаа иницијативата “Со љубов за граѓаните од трето доба” чија цел е да го направи подостапно богатото литературно творештво на познати македонски литературни творци за штитениците во Домот за стари лица – Прилеп.

Во рамките на иницијативата е создадена звучна форма на книжевните дела на познати прилепски литературни творци кои се извор на животни мудрости, која ќе биде прикажувана во домот за стари лица, со што ќе им се овозможи на штитениците на домот за стари лица –Прилеп да се запознаат и/или присетат на богатото литературно творештво од нашиот регион и да го исполнат нивното секојдневие.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи