Царовска: Состојбата во училиштата е стабилна, остануваме на настава со физичко присуство

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Над 75 % од наставниците во образованието се вакцинирани против ковид-19, што укажува на двојно поголем процент од националниот просек. Процентот на нови позитивни и активни случаи е под 1 %, под контрола е и стабилен, рече денеска министерката за образование и наука Мила Царовска.

Во однос на барањето од Прогресивниот синдикат за образование при ССМ до МОН да им се дозволи на наставниците на наставнички совети сами да може да одлучуваат за моделот на настава – физичко присуство или онлајн од 1 декември до 31 март, поради сезоната на грип, состојбата со КОВИД-19, а и поради енергетската криза, Царовска одговори дека поради стабилната КОВИД-состојба во најдобар интерес на учениците е училиштата да останат отворени.

„Училиштата треба да  функционираат и се отворени и во најстрашните кризи во светот. Остануваме на овој модел, и за сѐ се консултираме со Комисијата за заразни болести и Министерството за здравство“, рече таа.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи