16 наши биатлонци го откажуваат учеството на светските и европски купови во биатлон поради формирањето на нова федерација

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Биатлонците го кренаа својот глас против ново формираната биатлон федерација во Македонија. Поради тоа 16 наши репрезентативци нема да настапат на светските и европски купови во наредниот период и тоа на Светскиот куп биатлон Шведска, Светски куп биатлон Австрија и Светски куп биатлон Франција.

Зад оваа одлука стојат:

  • Дејвид Величковски
  • Викторија Јовановска
  • Ана Цветановска
  • Дарко Крстески
  • Дарко Дамјановски
  • Соте Андреески
  • Давид Торевски
  • Благоја Најденоски
  • Петар Чанговски
  • Евгенија Здравевска
  • Анамарија Зафировска
  • Ана Ангелова
  • Тони Станоески
  • Миланчо Крстески
  • Андонаки Костоски

„Поради ново формираната биатлон федерација на Северна Македонија јас како професионален натпреварувач во Биатлон и со оствсрена норма за Светски куп Биатлон кој треба да започне за 1 недела, тврдо сум решен да не учествувам поради ново настанатата ситуација и прифаќањето од страна на Интернационалната биатлон унија(IBU) на ново создадената биатлон федерација во Република Македонија. Додека пак се насочувам на крос кантри односно спортот во кој сум кандидат за олимпијадата во Пекинг 2022. Сите натпреварувачи на Скијачката Федерација тврдо сме одлучни и нема да настапиме во биатлонските трки додека остануваме со и во нашата Скијачка Федерација и ќе настапуваме само во нордиско скијање (трчање)“, вели за Инфо Компас нашиот репрезентативец, Ставре Јада.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи