Заев: Одлика на овој Буџет е дека парите на граѓаните ќе се искористат за повисок квалитет на животот

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Во Предлог-буџетот за 2022 година финансиски се пресликани приоритетите на кои Владата посветено ќе работи во текот на следната година, објави премиерот Зоран Заев на неговиот фејсбук профил.

Основни цели на Буџетот за 2022 година, наведува, се економско заздравување и забрзан раст, фискална одржливост, зачувување на здравјето и животите на граѓаните, како и поддршка на институционалните реформи и европските интеграции.

„Преку Буџетот се обезбедува навремена исплата на плати, пензии, социјални надоместоци, субвенции, како и реализација на капиталните инвестиции, коишто за 2022 година се планирани на историски највисоко ниво од 37,8 милијарди денари и се повисоки од буџетскиот дефицит“, напиша Заев.

Одлика на овој Буџет, истакнува Заев, е дека парите на граѓаните ќе се искористат таму каде што даваат најголеми ефекти во остварување на целите за повисок квалитет на животот.

„Затоа значајно е Буџетот за 2022 година да се донесе во законски предвидениот рок, со цел непречено финансирање на функциите на државата“, пишува  Заев.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи