ВИДЕО – 300 милиони денари од 5 ковид пакет од денеска легнаа кај тутунарите

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Конечно после месеци натегања, тензии и разни обвинувања денеска на сметките на тутунарите легнаа парите од фамозниот петти Ковид пакет. Финансиската поддршка е со вкупна вредност од 300 милиони денари за 19.060 тутунари. Се работи за поддршка од 3 денари по килограм тутун од втора класа и 16 денари по килограм за тутун од трета и четврта класа. Заменик министер за земјоделство и директорот на Агенцијата за финансиска поддршка денеска беа во посета на прилепски каде од тутнопроизводство егзистираат околу 13 илјади семејства.

„По анализите кои ги имаме од откупните претпријатија дефинитивно доминира третата класа со некои 12 милиони килограми предаден тутун. Втората класа со 8 милиони, четвртата класа со 4 милиони, така што од 300 милиони денари, некаде 200 милиони се наменети за трета класа тутун“, истакна Никица Бачовски, директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.

 Наскоро треба да започне и откупот на тутунот за новата реколта кој се очекува да се случи кон крајот на ноември и почетокот на декември. Во Македонија има 8 откупни фирми, кои потпишале договори со тутунарите за 22 милиони килограми тутун.

 „И не верувам дека оваа година ќе имаме потреба од дополнително продолжување на рокот или евентуално од посебни мерки кои би интервенирале на пазарот во цената бидејќи според квалитет на тутунот се очекува една подобра година, односно просекот да биде над 200 денари за килограм“, рече Трајан Димовски, заменик министер за земјоделство.

 До 15 декември кога е крајниот законски рок мора сите откупувачи да го започнат откупот.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи