ВИДЕО – Дали поради неодговорноста на институциите ќе се испушти шансата за апликација на Маркови Кули на постојаната листа на УНЕСКО?

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Од комплетно нејасни, помaлку апсурди и неаргуменитрани причини Министерството за животна средина го кочи донесувањето на планот за управување и реноминација на локалитетот Маркови Кули, а со тоа е закочен и целиот процес за апликацијата Маркови Кули да се најде на постојаната листа на заштита на УНЕСКО. Министерството за животна средина не се согласува културните содржини да бидат внесени во овој план за управување, нешто за што се против и врвните меѓународни експерти како Пјотр Мигон, евалуатор од УНЕСКО кој сугерирал дека ако не се вклучат и природните и културните содржни при апликацијата тешко дека Маркови Кули ќе се стави на постојаната листа на УНЕСКО.

„Доколку постапката не финализира со позиционирање на постајаната листа на УНЕСКО, еден долг период, да не речам за навек се исклучува можноста за дополнително конкурирање, односно аплицирање за постајаната листа на УНЕСКО“, истакна Бранислав Ристески, директор на Институтот за старо-словенска култура од Прилеп.

Уште понеразбирливо е што за ова значајно прашање не е заинтересирано ниту Министерството за култура. Министерката не сакала да оствари ниту средба со Институтот за старословенска култура од Прилеп, кој управува со ова подрачје.

 „Барем ако ништо друго како акт на добро домашно воспитување не ме прими ниту да ме сослуша, оти јас сметам дека единствениот канал, официјалното обраќање кон министерот, како директор на јавна научна установа само официјалното обраќање има своја тежина“, додаде Ристески.

Планот за управување со е стратегиски и обврзувачки документ, со кој се регулира процесот на заштита, прмоција и презентација на овој исклучителен локалитет. Во меѓувреме без таков план во моментов се девастира просторот од повеќе аспекти.

„Напад на одредени позиции со диви градби, неовластено сечење на шумата, Марковите Кули, односно средновековниот град тековно не се одржуваат“, истакна Ристески.

За несоодветниот однос кон Маркови Кули говори и фактот што комплетно не бил реализиран ниту проектот на ЕУ за подобрување на управувањето со заштитените подрачја, координиран преку УНДП, а чиј носител е Општина Прилеп. Проектот беше вреден 100.000 евра.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи