Закочен процесот за аплицирање на Маркови Кули за УНЕСКО како и донесувањето на планот за управување и постапката за реноминација

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Наш гостин во ова издание на Инфо Регион е Бранислав Ристески, директор на Институтот за старословенска култура од Прилеп. Повод за овој денешен разговор беше издавањето на најновото списание на Институтот BALCANO SLAVICA, во кого се сместени 26 трудови за локалитетот Маркови Кули.

Ристески потенцираше дека од нејасни причини се кочи процесот за донесување на планот за управување и реноминација на локалитетот Маркови Кули, а со тоа кочење е стопиран и целиот процес за апликација на овој локалитет за постајаната листа на заштита на УНЕСКО.

Имено Министерството за животна средина не се согласува културните содржини да бидат внесени во овој план за управување, нешто за што се против и врвните меѓународни експерти како Пјотр Мигон, евалуатор од УНЕСКО, кој сугерирал дека ако не се вклучат и природните и културните содржни при апликацијата тешко дека Маркови Кули ќе се стави на постојаната листа на УНЕСКО.

Односно ако се стават само природните содржини во апликацијата, таа со сигурност ќе биде одбиена, а што е уште потрагично, друга ваква шанса за паликација до УНЕСКО ќе немаме. Со тоа поради државна неодговорност сами си го затвораме вратите за оваа меѓународна организација.

Уште понеразбирливо е што за ова значајно прашање не е заинтересирано ниту Министерството за култура. Министерката не сакала да оствари ниту средба со Институтот за старословенска култура од Прилеп, кој управува со ова подрачје.

Со недонесувањето пак на планот за управување, кој  е стратегиски и обврзувачки документ, со кој се регулира процесот на заштита, промоција и презентација на овој исклучителен локалитет, во меѓувреме без таков план во моментов се девастира просторот од повеќе аспекти.

Исто така неразбирливо е зошто се уште не е реализиран проектот на ЕУ за подобрување на управувањето со заштитените подрачја, координиран преку УНДП, а чиј носител беше Општина Прилеп, токму за Маркови Кули. Проектот беше вреден 100.000 евра, а требаше да заврши уште пред 2 години.

Повеќе погледнете во интервјуто.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи