Санацијата на големиот дефект на водоводната линија Ф400 на ул. „Тризла“ ќе продолжи утре

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Од ЈКП „Водовод и Канализација“ – Прилеп на својата ФБ страна пред малку објавија дека со санацијата на дефектот на водоводната линија Ф400 на ул. „Тризла“ преку која со вода се снабдува високата зона на градот и тоа на потег од ул. „Ердован Шабаноски“, нас. „Марино Маало“, нас. „Кузман“, нас. „Рид“ и нас. „Тапани“ се продолжило со работа и во вечерните часови.

„На увид излегоа Градоначалникот на град Прилеп Борче Јовчески и директорот на ЈКП „Водовод и Канализација“ – Прилеп Игор Гулабоски. Во консултација со месното население и инженерите од ЈКП „Водовод и Канализација“ – Прилеп одлучија со санација на дефектот да се продолжи во утринските часови. ЈКП „Водовод и канализација” – Прилеп ги замолува ѓраѓаните за разбирање и воедно ве известуваме дека со ваков тип на дефект се немаме соочено во изминативе 15 години. Локацијата на дефектот ќе биде обезбедена со соодветна сигнализација и ќе има поставено службено лице кое дополнително ќе се грижи за безбедноста на граѓаните. Исто така ќе биде обезбедена и патролна контрола од ПС Прилеп за обезбедување на локацијата. Водоснабдувањето ќе биде нормализирано во текот на утрешниот ден“, се вели во соопштението на ЈКП „Водовод и Канализација“ објавено на нивната ФБ страна.


Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи