ВИДЕО- Над 25% од Прилеп нема вода поради голема хаварија – од Водовод велат дека проблемот ќе биде решен денес

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Во моментов 25% од Прилеп нема вода поради големата хаварија која настана на транспортниот цевковод Ф-400 вна улицата Тризла, а кој носи вода за високите делови на градот, како Тризла, Касарни, Кузман, Рид, Марино маало и други делови. Од Водовод велат дека проблемот со течење на вода се јавил во четвртокот, а потоа ексалирал со целосно пукање на цевката. Проблемот најверојатно настанал од старост на азбест-цементната цевка. Овој цевковод е граден во 80-тите години, а со овој дефект наголемо се отвора прашањето за негова реконструкција.

„Значи овој проблем што го имаме од вчера ќе биде денеска саниран, според контактите и на лице место што сум дојден ќе биде денеска саниран и градот ќе има вода. Но, за што понатаму не можам да ви одговорам сега, затоа што досега како што почнавме уназад неколку години немало проблем, значи таа цевка да се оштети или да се случи ваков дефект е многу редок, без разлика што во случајот е постара водоводната мрежа. Ќе се направи состанок во јавното претпријатие со инжинерите и ќе се размислува на тој проблем за понатаму. Треба да се прави цел проект, проценка, пред се финансиска и едноставно тоа е огромна работа, тука треба да се отворат многу улици, да видиме во иднина што и како ќе бидеме поконкретни за некој краток период“, вели Игор Гулабоски, директор на ЈКП „Водовод и Канлизација“ – Прилеп.

 

„ Причината е веројатно застареност на материјалот, бидејќи парчињата што ги извадовме укажуваат на тоа, дека постоел дефект подолго време кој извршил нагризување на одреден дел од азбест-цементниот дел. Се надевам дека во наредниот период како „Водовод и канализација“ ќе пристапиме кон таква студија да извршиме мерења и испитувања, кои мерења и испитувања ќе укажат на тоа дали треба и ако треба кога и на кои делови најитно би можела да почне да се врши таква реконструкција на овој цевковод, затоа што очекувани се ваквите дефекти. Ви кажав почетокот на 80-тите години е градена, 82-ра/83-та од она што сум го слушнал од постарите колеги е граден, работен рачно, монтиран е рачно тогаш со мало присуство на механизација и тоа што е монтирано функционира. Се надеваме дека нема да стане проблем за градот, добро е изграден, добро е димензиониран, макар што како што спомнавме временската рамка е таа кога е изграден, така да мора да почнеме сериозно да размислуваме за стратегија која би ни овозможила да не се случуваат почесто вакви хаварии, ова ќе го наречам хаварија бидејќи е поголем дефект“, рече Ѓоко Јочкоски, раководител на одделение за одржување на водоводна мрежа.

Од Водовод велат дека се работело во многу тешки услови затоа и се доцни со пуштањето бна водата. Земјиштето околу дефектот постајано паѓало и се обрушувало. Се работело доста внимателно за да не дојде до трагедија и земјиштето да ги затрупа вработените кои работат на дефектот, затоа што веќе дел од земјата паднала и ја оштетила канализационата мрежа.

„Пред извесно време, пред 5-6 години тука се монтираше и нова канализација, со проектот за реконструкција на канализационата мрежа, така што ровот е растресит и земјиштето е порозно така да постои опасност од обрушување кое неколку пати ни се случи. Се обидуваме колкј што може понавремено да реагираме и да ги намалиме ризиците по здравјето на нашите вработени колку што е можно повеќе, заради тоа и толку долго време се одвива санацијата на овој дефект. Ќе спомнам дека при едно од обрушувањата на земјата ни се појави и дефект на канализационата мрежа, па моравме и нејзе да ја оспособуваме. Така да сега празнењето го вршиме многу внимателно, многу полека, можеби ќе ни одземе малку повеќе време, но мораме така да постапиме бидејќи се работи пред се за здравјето на работниците, кои не смееме никако да го доведеме во опасност“, додаде Ѓоко Јочкоски, раководител на одделение за одржување на водоводна мрежа.

Инаку во освен овој дефект Прилеп нема проблем со водоснабдувањето, но од Водовод велат дека поради ниската издажноста на Студенчица која во момен тов била само 700 литри во секунда веќе се започнала со перење на бунарите, за да ако дојде потреба истите бидат веднаш ставени во употреба.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи