Идентификацијата на загинатите ќе се прави преку ДНК, велат од МВР за несреќата со 45 жртви во Бугарија

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Жртвите во страотната автобуска несреќа во Бугарија со 45 загинати, што се случи ноќеска во која изгоре автобус со македонски таблички, се изгорени до непрепознатливост според првичниот увид и идентификацијата ќе се врши со ДНК анализа. За сите информации е надлежно Министерството за надворешни работи (МНР).

Истрагата ќе ја води Бугарското обвинителство. Но, на местото на несреќата веќе е тргната екипа од Крим техника од МВР за асистенција на тамошните истражни органи.

Во моментов е невозможно да се знае кои македонски граѓани биле во изгорениот автобус. Во турата имало 4 автобуси превезувани од иста туристичка агенција од Скопје, но постои можност патници да се менувале по желба со местата, од автобус во автобус. Затоа не може засега да се зборува за список на загинати патници.

Патниците на оваа екскурзија, според неофицијалните податоци, се од повеќе градови од Македонија, oд Струмица, Велес, Скопје и Битола.

Тешката несреќа се случи ноќеска пред два часот на магистрала Струма, во близина на Перник. Македонските државјани биле на враќање од Истанбул, каде што заминале на 18 ноември.

Малку по полноќ, автобусот, кој бил последен во колоната, запрел на бензинска пумпа кај Софија, по што го продолжил патот, за еден час подоцна да се случи несреќата. Локалните власти кои ја истражуваат несреќата велат дека најверојатната причина е човечка грешка или техничка неисправност. Тие засега не можат да потврдат дали автобусот прво удрил во оградата, па се запалил или претходно настанал пожар во него.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи