ВИДЕО – Родителите на првачињата во „Блаже Конески“ обвинуваат за несоодветни услови за учење, директорката ветува решавање на проблемот за зимскиот распуст


Дел од родителите на првачињата кои го посетуваат основното училиште „Блаже Конески“ во населбата Точила во Прилеп денеска го искажаа својот револт, поради како што вепат несоодветните услови во кои среде пандемија учат нивните деца. Обвинуваат декла децата учеле во премногу мали училници, кои не ги задоволувале поставените критериуми за заштита, а бројот на една паралелка надминувал 30 ученици, што било исто така спротивно на закон. На нивното барање да бидат преместени во други простории или учениците да одат во две смени не наоѓале на разбирање од директорката Ангелка Баракоска. Исто така бараат училниците да бидат опремени со соодветни нагледни средства, за кои како што тврдат во овој момент ги немало, биле оставени во магацин, бидејќи поради малите простории немалокаде да бидат поставени.

„ За овие ученици има подготвено само една училница со соодветна квадратура, во која учениците и родителите ротираат секоја недела. Значи на 3 недели, 1 недела паралелката учи во соодветни услови. Останатите 2 училници, затоа што училниците се претесни, а учениците немаат услови ниту да седат, а дополнително движење и слично не станува збор. Ова не е според нормативите за работа каде пишува дека секое дете треба да има просторни услови од 1 метар на 2 метри, односно 2 метри квадратни по ученик. Дополнително што наставата се одвива во ковид пандемија, каде училиштето треба да води дополнителна грижа за ова прашање. Како последица на ова е појава на масовно пренесување на актуелни настинки, вошливост и случно, затоа што помеѓу учениците постои најминимално растојание. На сметка на ова, директорката избра и задолжително одење во една смена, само за првачињата во текот на целата учебна година, и покрај тоа што училиштето работи двосменски. Родителите настојуваат учениците да одат во 2 смени, исто како што функционира целото училиште. Исто така просторните услови оневозможуваат одвивање на наставата по барање на новата концепција, затоа што двете мали училници воопшто не се опремени со ресурси и нагледни средства за кои сме известени дека се купени и сместени во магацин поради просторните услови“, изјави Викторија Паскоска, родител на првоодделенец во ООУ „Блаже Конески“.

Директорката на училиштето Ангелка Баракоска, истакна дека ООУ „Блаже Конески“ имал во моментов најголем број првачиња од сите училишта во Прилеп, а нивниот број бил 116. 94 учеле во училиштето во населбата Точила, а 16 во подрачното училиште во населбата Варош. Имало 3 паралелки првачиња , и тоа две паралелки со по 31 ученик и една со 32 ученици. Вели дека проблемот со малите училници таа го наследила и дека годинава се потрудиле да отворат и уште една поголема училница за првооделенците. Ветува решавање на проблемот во текот на зимскиот распуст.

„ Проблемот кој што го потенцираат родителите е тоа што сметаат дека училниците, просторот во двете училници не е доволно голем и бараат двосменско работење. Бидејќи имаме обезбедено 3 училници во овој момент и согласно проширената програма која што ја нуди училиштето која е согласно Законот за основно образование, имаме можност учениците да посетуваат само прва смена и сметајќи дека првачињата во овој период навистина најдобро и најмногу можат да постигнат во периодот од 8 до 13 часот, првачињата одат во една смена. Со родителите е разговарано, значи ние сме запознати со проблемот кој што го кажаа родителите дека не се задоволни од големината на училниците кои и досега опстојувале и не се задоволни со тоа што одат само во една смена, разговарано е со родителите, тоа беше некаде почетокот на месец октомври и најдовме заедничко решение со кое утврдивме да се прошири едната училница за време на зимскиот распуст, бидејќи во овој момент е завршен тендерот и оечкуваме да се отпочне со промена на подовите во училиштето и напоредно додека се врши промена на подовите, да може да се прошири и просторниот капацитет на училницата. После тоа, после првото полугодие, со почетокот на второто полугодие учениците ќе почнат да учат во 2 поголеми училници и тогаш ќе мора да се спроведува и двосменското работење на учениците“, рече Ангелка Баракоска, директорка на ООУ „Блаже Конески“ – Прилеп.

Родилите пак бараат итно решавање на случајот, а не за време на распустот и исто така истакнаа дека ќе побараат државната просветна инпекција, да ја испитала целата ситуација и условите во кои учеле првооделенците.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи