Најмалку 46 македонски државјани загинаа во автобуска несреќа во Бугарија

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Најмалку 45 македонски државјани загинаа во автобуската несреќа што се случи ноќеска во Бугарија. Според бугарското министерство за внатрешни работи, меѓу загинатите се 17 деца, а спасени се само 7 лица од автобусот. Tешката несреќа се случи ноќеска пред два часот на магистрала Струма, во близина на Перник. Македонските државјани биле на враќање од Истанбул, каде што заминале на 18 ноември.

Како што објави БГНЕС, седумтемина преживеани се со изгореници на лицето и со проблеми со горните дишни патишта, а некои имаат и исеченици, изјави проф. Маја Аргирова, раководител на Клиниката за изгореници за настраданите во несреќата со македонскиот автобус. Еден од повредените има и скршеница на натколеница и е сместен на одделот за трауматологија. Тие во болницата се донесени по 3 часот наутро

Во екскурзијата организирана од една туристичка агенција од Скопје биле вкупно четири автобуси. Малку после полноќ, автобусот, кој бил последен во колоната, запрел на бензинска пумпа кај Софија, по што го продолжил патот, за еден час подоцна да се случи несреќата.

Локалните власти кои ја истражуваат несреќата велат дека најверојатната причина е човечка грешка или техничка неисправност. Тие засега не можат да потврдат дали автобусот прво удрил во оградата, па се запалил или претходно настанал пожар во него.

Премиерот Зоран Заев заедно со министрите за здравство и за надворешни работи, Венко Филипче и Бујар Османи, денеска ги посетија седумте хоспитализирани во болницата Пирогов во Софија.

„Ќе почекаме причините за несреќата да ги кажат стручните служби. Настраданите не се само од Скопје, туку се од повеќе места. Сите се граѓани на Северна Македонија, од повеќе националности се, но има и еден граѓанин од Прешево, Србија, кој заедно со вереницата од Куманово бил во Истанбул на прошетка. Во листата видовме и дека има едено лице со белгиско државјанство, изјави Заев.

Заев рече и дека министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски го информирал дека превозникот е „Беса транс”, кој стандардно и најчесто вози туристички тури на релација Истанбул – Софија – Скопје.

„Не можам да кажам детали, знам само како се вика фирмата, дека се занимава со туризам и дека има повеќе автобуси, како и дека се често на релација Истанбил – Софија – Скопје“, нагласи Заев.

Повеќе детали се очекуваат во текот на денот.
[elementor-template id=”49285″

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи