ВИДЕО – Прилеп планира да се збратими со рускиот град Одинцово, од московскиот регион

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Денеска во посета на Општина Прилеп беше амбасадорот на руската федерација, неговата екселенција, Сергеј Баздникин, кој оствари средба со градоначалникот, Борче Јовчески, на која било договорено да се започне постапка за збратимување на Прилеп со општината Одинцово, од московскиот регион.

„Денес остварив средба со амбасадорот на руската федерација, неговата екселенција, Сергеј Баздникин, кој ми го честиташе изборот за градоначалник на Општина Прилеп. Пројавивме желба за взаемна соработка. Го запознав со програмата на мојот 4 годишен мандат, која се надевам дека ќе биде до крај реализирана. Воедно идејата која ја започнавме за збратимување на Општиина Прилеп со руски град, се надевам дека ќе ја релизираме. Денеска добивме и понуда, како предлог од амбасадорот, дека со еден град од московскиот регион наскоро ќе бидеме збратимени. Тоа беше и еден од проектите кои од 2017 година тежнееме да го реализираме, благодарение и на руско-македонското друштво од Прилеп“, рече градоначалникот, Борче Јовчески.

Амбасадорот Баздникин истакна дека овој чекор ќе придонесе за уште поголемо зближување на на нашите народи и општини и дека тоа ќе биде голем придонес за подобрување на кквалитетот на животот на граѓаните.

„Тука се зборува за муниципален округ од Инсова, од Московска регија. Би сакал да се заблагодарам на градоначалникот на Општина Прилеп, за можноста да се видиме денеска и отворено да зборуваме за можностите за соработка помеѓу Општина Прилеп и нашиот муниципален округ Одинцово. Ние сме потполно отворени за соработка за сите области кои се од интерес за граѓаните од Општина Прилеп. Убеден сум дека тоа ќе биде голем придонес за подобрување на животите на граѓаните“, истакна амбасадорот на руската федерација, Сергеј Баздникин.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи